Леброн со еден коментар се дистанцираше од селекцијата на САД

120

Иако името на Леброн Џејмс се најде на поширокиот список на Грег Попович за Олимписките Игри во Токио, тој со последната изјава откри дека веројатно нема да патува на игрите.

И без него САД ќе се големи фаворити за златниот медал, меѓутоа присуството на Џејмс со сигурност ќе донесеше голема атрактивност на кошаркарскиот турнир.

„ Моето имее на списокот. Но најважно е како ќе се чувствува моето тело на крајот на сезоната. Се надевам дека ќе имам долго учество во плеј-офот. Важно е да се разбере и моето семејство. Многу фактори се во комбинација, но како и да е, моето име е на списокот“ –изјави Леброн.