ЛЕДЕНОТО МОМЧЕ ОД КИНА: Осумгодишно дете пешачело 5 километри на -9 Целсиусови степени за тест

327

Mомче од Кина пешачело речиси 5 километри за да ги направи завршните тестови на училиште. 

Директорот на основното училиште, Фу Хенг, не можел да им поверува на своите очи бидејќи по пристигнувањето, наместо веѓи и коса, ученикот имал мраз.

Интернетот го нарече „леденото момче“, а училиштето доби повеќе од 50.000 долари донација, опрема за греење и облека. 

„Беше првиот ден од завршните испити. Температурите паднаа на -9°C“, раскажува директорот, потенцирајќи дека момчето живее далеку од училиштето.

Интересно е тоа што момчето е омилено меѓу неговите соученици и постојано наоѓа начини за да ги насмее, и покрај тоа што живее во сиромаштија.

Училиштето се обидува да внимава на него и на сите деца како него, колку што е возможно, обезбедувајќи им појадок, објаснува директорот Фу, но признава дека поради недостиг на средства нивните училници не се соодветно загреани.