Лекиќ ѕвезда на колото, Лејно и Ристовска во ТОП 5 (ВИДЕО)

136

Македонскиот женски ракометен првак со три играчи партиципира во изборите на ЕХФ ТВ за 5. коло од групната фаза.

Вардарки во петокот, во последниот натпревар пред домашна публика во оваа фаза го победија „Битигхајм“ од Германија со 30:22.

Една од ѕвездите на натпреварот и воопшто на колото во ЛШ беше Андреа Лекиќ која со осум погодоци беше најефикасна на натпреварот.

Индивидуална награда добија и Амандин Лејно и Сара Ристовска. И двете се најдоа во Топ-5 изборите, Лејно за одбрана, а Ристовска за постигнат гол.

Во следното коло „Вардар“ гостува во Подгорица кај „Будуќност“.

Погледнете ги најдобрите пет гола ТУКА.