Лидерите на Кина и Северна Кореја се согласија за денуклеаризација на Корејскиот полуостров

636

Лидерите на Кина и Северна Кореја Си Џинпинг и Ким Џонг-ун се согласија за голем број прашања, вклучувајќи ја и денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, објави севернокорејската новинска агенција КТЦТА.

Според агенцијата, двајцата лидери разговарале и за средбата меѓу Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп, која се одржа минатата недела во Сингапур, и размениле мислења за денуклеаризацијата.

Ким Џонг-ун е во посета на Кина, третпат во последниве три месеци, каде што се сретна со кинески претседател Си.

За претходните две посети, кинеските власти објавија само откако завршија.