ЛИСАБОН: Фестивал посветен на Свети Антонио (ФОТО)

204

Во главниот град на Португалија, Лисабон, вчера се одржа Фестивалот посветен на Свети Антонио. Парадата е само една од лисабонските „Популарни маршеви“, коишто традиционално започнуват на 1 јуни и траат цел месец.

Секоја година на Денот на Свети Антонио, луѓе од 20 лисабонски населби парадираат во чест на светецот заштитник на градот. Ова е еден од најзначајните во серијата карневалски собири во текот на фестивалскиот месец јуни.

– Месец полн со забава, рекреација, гозби со национални јадења и традиционална музика… Од се тоа ние правиме еден светски настан, што не е нималку лесно, изјави градоначалникот на Лисабон, Фернандо Медина.

Организаторите на фестивалите, како и градоначалникот годинава очекуваат околу два милиони посетители во текот на целиот месец.