„Лудус“ во италијански „Вог“ и „Калтблут магазин“

98

По неколкуте успешни настапи на Љубљанската модна недела македонската модна етикета за безродова мода изработена од исклучиво природни материјали, „Лудус“, ги прави првите пробиви во интернационалните медиуми.

Фото едиторијалот израбoтен со словенечкиот фотограф Маријо Жупанов сега се најде и на престижното интернет списание специјализирано за машка независна мода Калтблут Магазин.

 

Едиторијалот е сработен во Словенија, со моделите Анел и Уршка од агенцијата Имортал, каде како стилист се јавува долгодишната соработничка Мартина Ивановска.

Видео презентација од последната колекција на Лудус се најде во секцијата Таленти на италијанскиот „Вог“.