ЛШ: Реал Мадрид „принуден“ да го победи ПСЖ!

236

„Кралевите“ ќе мора да ја освојат првата позиција доколку не сакаат осминафинална пресметка против Роналдо и Јуве.

Денеска продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампионите, а дербито од петтото претпоследно коло од групната фаза од 21.00 часот ќе се игра на „Сантјаго Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

После четири кола ПСЖ е на првата позиција со 12 бодови и го обезбеди настапот во нокаут-фазата, второпласиран во рамките од групата „А“ е Реал со седум, следуваат Клуб Бриж (два) и Галатасарај (еден) кои пак ќе се борат за место за третото место и продолжување во Лига Европа.

„Кралевите“ пред своите навивачи не само што ќе бркаат и официјално промовирање на осминафиналисти, туку и ќе го „ловат“ првото место во групата.

Но, доколку париските „светци“ триумфираат и вечерва тогаш фудбалерите на Зинедин Зидан ќе мора во осминафиналето да се соочат со многу „потежок“ противник.