Маж избоден со нож – 39 лица уапсени за обид за убиство во Лондон

75

Британската полиција уапси 39 лица во Лондон осомничени за обид за убиство во западниот дел од градот. Во инцидентот кој се случил ноќва околу 1 часот после полноќ, тешко повреден е 30-годишен маж. Тој бил избоден неколку пати со нож и во моментов се бори за живот, пренесува „Би-Би-Си“.

Осомничените се приведени на сослушување.