Македонија домаќин на Ф4 турнирот од Европската лига во одбојка

223

Фајнл-фор турнирот на Европската лига во одбојка ќе се игра во Скопје, соопштија од Одбојкарската Федерација на Македонија.

Завршниот турнир на Сребрената европска лига ќе се одржи на 15 и 16 мај 2018 година. Дополнително ќе биде одредено во која сала ќе се играат натпреварите.

Македонија оваа сезона во Европската лига игра во групата А заедно со Косово, Летонија и Австрија. Домаќинот, сепак, има загарантиран пласман на фајнл-фор турнирот.

„Црвено-жолтите“ во претходните години редовно стигнуваа до финалето, но ниту еднаш не успеаја да ја минат последната пречка.