Македонија е нa прво место на црната листа на починати од коронавирус на милион жители

97

Македонија е неславното прво место на црната листа на починати од коронавирусот на милион жители. На листата на која се наоѓаат земјите од регионот кои имаат слични здравствени системи, правила и традиции Македонија е на неславното прво место со 12 мртви на милион жители, пишува еxpres.mk.

Зад нас со по 10 мртви на милион жители се Романија и БИХ а најмалку починати по овој критериум имаат Црна Гора и Бугарија. Листата се води според бројот на население на Македонија од последниот попис во 2002 година.

Доколку се пресметува реалниот број на жители кој во последниве 18 години е драматично намален извесно е дека бројот на мртви на милион жители во Македонија ќе биде уште покатастрофален.

Листата е направена вчера од активисти на социјалните мрежи според официјалните податоци за ситуацијата со Ковид-19 и таа секој ден се менува.