МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ: Ќе се формира нова снежна покривка над 20 сантиметри

328

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови. Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.

Утринската температура ќе се движи од минус два до минус шест, а дневната температура од минус два до еден степен.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до еден степен.

Потоа следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури и појава на магла по котлините.