МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА: Концерт на кинескиот виртуоз Нинг Фенг

59

Македонската филхармонија вечер ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“ на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг.

Фенг настапи и минатата година, а овојпат се враќа на сцената со изведба на делото за виолина „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.

Концертот ќе се одржи под диригентство на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс, насловена „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.