Македонски автори во меѓународното списание „Модерна литература“

264

Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан е објавена во интернационалното списание „Модерна литература“ (Modern Literature) кое на читателите им ги претставува глобалните тенденции во поезијата и прозата.

Од редакцијата на списанието се истакнува дека песните на Етернијан „донесуваат уникатна атмосфера и визија на светот, недопрени од светските превирања; тие бараат сосредоточено внимание за да се разоткријат нивните скриени значења“.

Во ова списание претходно беше објавен извадок од романот „Но-уи“ на Лидија Димковска што на англиски јазик го преведе проф. д-р Кристина Крамер. Во белешката за Димковска, пак, се истакнува дека таа има добиено повеќе награди, вклучувајќи ја и Наградата за литература на Европската Унија.