МАКЕДОНСКИ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ: Награда музички филм за „The Hip-Brainstorm“

986

На овогодинешното издание на манифестацијата МАН-Македонски Алтернативни Награди, во организација на Бла Бла ТВ, филмот „The Hip-Brainstorm“ ја доби наградата за музички филм.

„The Hip-Brainstorm“ е продолжение, своевидно надополнување на долгометражното ДВД-видео издание „The Hip-Reality Overdrive“, што исто така е добитник на награда од МАН, за особен придонес и развој на македонската културна сцена.

Долгометражниот филм е во режија и продукција на Јане Алтипармаков, а автор на оригиналната идеја и продуцент е Љубиша Петрушевски.

Директор на фотографија е Наташа Гелева, снимател е Ања Илиева, додека монтажата и специјалните ефекти ги изработија Зоран Чаневски и Димитар Илиевски.

Во филмот се појавуваат: Васко Атанасовски (Бернајс Пропаганда, Балкан Велики), Toшо Филиповски – автор на првата сеопфатна македонска рок енциклопедија, Саша Павловиќ (Suns), Ивица Димитриевиќ (SIZ), Мирко Попов (PMG Kolektiv), Костадин Шурбановски (Канал 103), Ненад Георгиевски (Skopje Cinema City), Сеад Хаџиќ (Last Expedition, Mooger Fooger), и членови на групите The Hip, Morbid Joker, Музичка Младина.

Во филмов ексклузивно се измонтирани архивски снимки од настапите на Електрични Оргазам, Екатарина Велика и легендарните Nirvana.

На овогодинешната манифестација МАН, специјалната награда за филм ја доби урбаната кино приказна „Исцелител“.

Филмот е во режија, сценарио и продукција на Ѓорче Ставрески, директор на фотографија е Дејан Димески, музиката ја потпишаа Фолтин, а главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов и Симона Димковска.

Во продолжение погледнеет дел од атмосверата низ галеријата.