Малолетник тешко повреден во Скопје, бил удрен од автомобил

668

На 09.04.2020 во 06.41 часот било пријавено дека на 07.04.2010 околу 13.30 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(30) од Скопје, удрило во малолетен пешак.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.