МАНЕКЕНКАТА ГЕЛЕВА НА СПОТОТ: Овации за „Нешто ќе те питам бабо“ на „Некст тајм “ (ВИДЕО)

1907

„Некст тајм“ синоќа во Драмскиот театар во Скопје ја промовираа третата песна „Нешто ќе те питам бабо“ во низа од проектот за преработка на стари македонски песни.

„Со гордост ви најавуваме промоција за нов видеозапис, за уште една македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо“. Веруваме дека и по третпат ќе ве направиме горди и ќе ја зачуваме македонската песна заедно“, рекоа Стефан и Мартин Филипосвки.

Громогласен апалуз и силни овации ги испрти дома двајцата браќа близнаци по јавното прикажување на новиот видеозапис, а порталите денес ечат со оваа песна . Се редат позитивни коментари и се нижат прегледи.
Прашањето беше поставено дали ова апесна ќе го достигне успехот на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“,но голема е веројатноста и да ги надмине.

Аранжманот е дело на Никола Мицевски, а приказната преку режија ја раскажа Огнен Шапковски.

На спотот главната улога ја има манекенката Ивана Гелева која ја глуми бабата, а Стефан Јакимовски го глуми Тодор Александров. Малото девојче на спотот пак е ќерката на Шапковски.

Песната е збогатен со машки хор и преубавиот глас на Викторија Чочороска.