Манчини стана тренер на Италија

201

Нов тренер на Италија е Роберто Манчини, објави италијанската фудбалска федерација.

Поранешниот ментор на „Интер“ и „Манчестер Сити“ ќе биде официјално претставен во четврток во Фиренца. Тој го менува Џанпиеро Вентура, кој беше отпуштен во ноември откако не успеа да ја квалификува Италија за Светското првенство.

За последен пат Манчини го предводеше рускиот Зенит Санкт Петербург, кого го водеше за последен пат изминатиов викенд.