МАРВЕЛ ФИЛМОВИ: Режисерската палка во женска рака

811

Зборувајќи за планираниот филм „Капетан Марвел“, посветен на супер-херојка, а во кој Ана Боден се јавува како ко-режисерка, продуцентот Кевин Фиџ вети поголема застапеност на жените како режисери во филмовите на продукциската куќа Марвел.

– Не ветувам дека сите наредни 20 филма ќе ги режираат жени, но многу од нив – да, изјави Фиџ, предизвикувајќи громогласен аплауз.

Насловната улога на „Капетан Марвел“ ќе ја глуми оскаровката Бри Ларсон, а премиерата на филмот е закажана за 8 март 2019 година.