Марк Хамил инспириран од Обама за „Последниот џедај“

124

Актерот Марк Хамил, најпознат по улогата на Лук Скајвокер од серијалот „Војна на ѕвездите“, на една дискусија за филмот „Последниот џедај“, на која присуствуваше и режисерот Рајан Џонсон, објасни како се снимала една од најпопуларните сцени.

Станува збор за сцената во која Скајвокер го преживува нападот на Кајл Рен и излегувајќи на  површината ја чисти прашината од рамената.

На снимањето Хамил му рекол на Џонсон дека треба двапати да го допре рамото како што тоа има навика да го прави поранешниот американски претседател Барак Обама.

– Кога требаше да ја снимам оваа сцена мислев да го направам тоа како Барак Обама, но Џонсон сметаше дека еден потег е доволен и дека два се премногу. Се утврди дека тој е повторно во право, навистина имав многу лоши идеи, истакна Хамил.

Актерот пред неколку дена доби ѕвезда на холивудскиот „Булевар на славните“.

Хамил долго време беше во сенка на Харисон Форд и покојната Кери Фишер и не успеа да се наметне меѓу водечките актери по завршувањето на првиот серијал од „Војна на ѕвездите“.

Но, со оживувањето на Лук Скајвокер во филмовите „Будење на силата“ и „Последниот џедај“, тој повторно се најде во центарот на вниманието.