МАСАКР ВО НОВ ЗЕЛАНД: Маж уби 49 луѓе во две џамии, полицијата го фати (ВИДЕО)

773

Билансот на бројот на жртви од денешниот масакр во две џамии во Нов Зеланд се искачи на 49, додека повеќе од 20 лица се повредени, изјави полицискиот комесар, Мајк Буш. Тој прецизира дека во една џамија загинаа 41 лице, во другата 7, а уште едно починало во болница, пренесе „Ројтерс“. Буш изјави дека нападот бил добро испланиран.

Тој на прес-конференција кажа дека напаѓачот е обвинет за убиство и дека ќе се појави утре пред судот. Не сакаше да одговори дали истиот напаѓач е одговорен за двата напади.

Уапсени се четири лица, а главниот напаѓач е идентификуван како 28-годишен Австралијанец, Брентон Тарант.

Напаѓачот целиот настан во живо го стримал на на Фејсбук, Твитер и Јутјуб. Станува збор за белец, облечен во маскирно одело со кацига со камера на неа, преку која го пренесувал масакрот.

На местото на настанот веднаш беше испратена и војска, која ги деактивирала експлозивните направи.

 

На интернет се појави видео на кое се гледа како е уапсен терористот  Тарант.

Врз основа на снимката може да се заклучи дека по масакрот Тарант тргнал да бега со автомобилот, но полициски автомобил, буквално удрил во него и го запрел.

Снимено е како Тарнат лежи на земја додека полицајците го држат врзан.

Американскиот сајт „Дејли бист“ претходно објавил манифест на форумот „8чен“ близок до екстремната десница, објавил многу „мемови“ (слика со дополнителен текст ) а кои се однесуваат на српските напади врз босанските муслимани.

И на објавеното видео од нападот се слуша музика, а меѓу останатите, и четничката песна „Караѓиќу води Србе своје“, во која се спомнуваат и „хрватските усташи“.

На интернет се појави и снимка, за која не постои потврда за автентичност, ниту кога е направена, на која се гледа Австралиецот како носи оружје на кое на кирилица се испишани и две српски имиња. На шаржерите кои ги користел убиецот на кирлица се напишани имињата Стефан Лазар, Марко Миланов Поповиќ и други, објави „Дејли меил“. Станува збор за имиња на српски кнез од 14 век и црногорски војвода од 19 век.