Мбапе ќе игра на СП!

150

Килијан Мбапе се огласи по повредата здобиена на вчерашниот тренинг на француската фудбалска репрезентација. Тој ги израдува навивачите на „триколорите“ соопштувајќи дека се чувствува добро и дека не е доведен во прашање неговиот настап на Мундијалот.

– Добро сум. Тоа беше удар кој ми предизвика моментална болка. Се помина со масажа и немам сериозна повреда. Немојте да го напаѓате Рами, тој немаше зла намера, рече Мбапе.

Младата ѕвезда на ПСЖ го напушти тренингот при еден дуел со соиграчот Адил Рами, Мбапе падна и се фати за левиот глужд.

Франција Светското првенство го почнува в сабота во Казан со дуел против Австралија.