МЕРКЕЛ: И покрај тешкотиите, трансатланските односи се најважни

59

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска порача дека односите меѓу Европа и САД треба да ги истрпат разликите како дипломатскиот спор за нуклеарниот договор со Иран.

– И покрај сите тешкотии кои ги имаме овие денови, трансатланските односи и натаму остануваат од најголема важност, вели Меркел.

Таа додава дека „трансатланските односи мораат, исто така, да бидат во состојба да се носат со разликите во мислењата, посебно, како што гледаме овие денови, со повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран“.