Меси е најпродуктивниот активен играч во Ла Лига по влез на терен како замена

79

Капитенот на Барселона, Лионел Меси е најефикасниот активен фудбалер на шпанската Ла Лига, откако на терен влегол од клупата за резерви.

Аргентинецот постигна 24 гола во шампионатот на Шпанија, како замена. Ова е рекорд кај сегашните играчи.

Во историјата на елитната шпанска лига, само двајца играчи имаат подобри показатели од Меси. Тоа се Хулио Салинас (28 гола) и Оскар Де Паула (27).

Триесет и двегодишниот Меси оваа сезона на сите турнири одигра 31 натпревар за Барселона и постигна 24 голови со 16 асистенции. Во првенството има 22 натпревари, 19 голови и 12 асистенции.

Меси е десеткратен шампион на Шпанија, четирикратен победник во Лигата на шампиони.