Меси против Борусија Дортмунд ќе го запише 700. меч за Барселона

228

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси против Борусија Дортмунд во 5. коло од Лигата на шампионите ќе го одигра 700 натпревар во дресот на Барселона. Со мечот против германскиот гигант, Меси ќе стане само вториот фудбалер во каталонскиот клуб кој запишал 700 натпревари, а пред него ќе остане само Чави Ернандез кој во кариерата забележа 767 настапи.

Меси кој за Барселона дебитираше во 2004 година, против Борусија ќе го запише 144 натпревар во Европа. Во кариерата одигра 460 лигашки натпревари, 73 во купот на Шпанија и 23 во останатите натпреварувања. На 699 одиграни натпревари за Барселона, Меси постигна 612 гола, а запиша и 248 асистенции.