МЕСИ СЕ ПОДНОВИ: Фудбалерот си купил мал грчки остров

273
Mesi

Светската фудбалска ѕвезда Лионел Меси стана сопственик на мал грчки остров Софија крај Итака во Јонското Море. Ова се наведува во соопштението на брокерската компанија „Прото груп“.

Оваа компанија соопшти дека друг грчки остров бил подарен од Кристијано Роналдо на неговиот менаџер Жозе Мендес за неговата свадба, информира грчки „Њуз.ин“.

Истата брокерска компанија соопшти и дека има многу острови за продажба во Грција и дека многу фудбалски и холивудски ѕвезди се заинтересирале за купување и побарале од неа информации.

Се проценува дека еден од нив бил и суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, кој го купи островчето Софија во Јонското Море, поконкретно во реонот на островски комплекс источно од Итака.