МЕЧ ЗА ДИРЕКТ ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ: „Вардарци“ на гости кај „каталонците“

163

Европскиот шампион „Вардар“ денеска и гостува на Барселона во натпревар од ракометната Лига на шампионите.

Македонскиот тим е на врвот на табелата во групата со 18 поени и бара бодови од мечот против „каталонците“ за освојување на првото место, што ќе им донесе директен пласман во четврт-финалето на најпрестижното ракометно натпреварување.

На првиот дуел сезонава во Скопје на 14 октомври „црвено-црните” победија со 27:24. Ова ќе биде 13 меѓусебен натпревар меѓу „Барселона“ и „Вардар“.

Екипата на Раул Гонзалез има серија од 15 натпревари без пораз во ЛШ, а Барселона загуби на последниот меч со Нант на почетокот на декември. Вардар и понатаму е единствен тим без пораз сезонава во ЛШ.

Мечот започнува во 18 часот.