МЕЃУНАРОДНА МОТО-ШТАФЕТА ЗА ЖЕНИ: Македонските бајкерки ќе се запишат во историјата на мотоциклизмот (ВИДЕО)

6060

За првпат во историјата на женскиот мотоциклизам се одржува Женска меѓународна мото штафета.

Сакајќи да поттикне глобално сестринство од инспиративни жени кои ќе промовираат храброст, авантура, единство и страст за моторциклите од сите страни на светот и да направи нешто што никогаш не било направено”  Hayley Bell , една од основачите на WRWR (Women Riders World Relay 2019 – мото штафета од глобален карактер во која учествуваат жени-бајкерки) го започна овој подвиг со силна порака.  Нејзината цел е да ја покаже моќта зад пазарот за жени во мото спортот.

Разочарани со тоа дека жените се маргинализирани во мото индустријата, така што не се прават доволно производи за понежниот пол жените на две тркала, од целиот свет, се здружија да го докажат тоа дека постојат и дека  возат мотори со страст и пасија како и мажите.

Македонките бајкерки со гордост се приклучија и ќе ја претстават нашата земја во најубаво можно светло.  WRWR низ нашата држава ќе помине на 3-ти и 4-ти април 2019 година. Првиот ден ќе се вози траса Струга – Струмица, а вториот ден траса Струмица – Скопје.

Штафетата ќе биде пречекана од страна на македонските бајкерки на албанската граница на граничниот премин Ќафасан и ќе се вози по веќе дефинираните траси. На 4-ти април штафетата пристигнува во Скопје а на 5-ти април ќе биде предадена на бајкерките од Србија на граничниот премин Блаце.

Овој настан е подржан од повеќе Мото клубови во државата.

Апликациите се отворени до четврток 28-ми Март.  Бајкерките кои би сакале да учествуваат а сè уште не се регистрирани може да го сторат тоа на: https://womenridersworldrelay.com/routes/

Мажите се повеќе од добредојдени да учествуваат во овој настан, како поддршка и придружба.

Штафетата која тргна од Шкотска во Февруари 2019 година понатаму патува низ Ирска, Велс, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Андора, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија, Србија, Унгарија, Словачка, Полска и така натаму, се до враќањето на штафетата во Велика Британија во јануари/февруари 2020 година.

 

WRWR моментално има над 15.000 членови во 120 земји низ целиот свет, а бројот секојдневно расте.

За повеќе информации Македонските Бајкерки може да ги контактирате на фб страницата: WRWR_macedonia.

 

Прва меѓународна мото штафета

Прва меѓународна женска мото штафета 2019 #WRWR_MACEDONIA#WRWR

Publiée par WRWR_macedonia sur Mercredi 27 mars 2019