„Милан“ останува на „Сан Сиро“

208

Раководството на „Милан“ соопшти дека клубот нема намера да го напушти стадионот „Сан Сиро“.

Во последниве години упорно се зборуваше дека постојат планови за изградба на нов стадион за „росонерите“, но проектот беше напуштен од претходниот претседател Силвио Берлускони.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала изјави дека има различни варијанти каде може да биде изграден нов стадион. Се чини, сепак, дека неговиот ентузијазам наскоро ќе биде изгаснат.

Ние никогаш не сме декларирале желба да заминеме од „Сан Сиро“. За „Милан“ е важно да мисли на иднината со идејата еден ден да има свој стадион, но немаме желба да го делиме со друг клуб. Подобро решение сепак ќе биде донесено во вистинскиот момент согласно интересите на клубот, објави италијанскиот фудбалски гигант.