Thursday, July 2, 2020
ripost.news

Министерот Манчевски шири лажни вести: Тврди дека литијата во Струга предизвикала експанзија на КОВИД-19, а од тогаш само 5 заразени во струшкиот регион?

42

Дали во паника Владата шири лажни вести? Министерот  Манчевски фатен во обид да лиферува фејк информации.

Бројките на владиниот сајт koronavirus.gov.mk експресно го демантираа министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски кој денеска во гостување на една телевизија во обид да го обвини неговиот политички противник, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери.

Оваа Влада добро се справи со Ковид 19, а секако дека клучно ни беше дневното информирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат. Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР – конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции, рече Манчевски

Со оглед на тоа дека муслимани има во многу градови, податокот за ифтарските вечери не можеме да го провериме, но литијата во Струга беше локализирана само во градот на Црн Дрим, па лесно може да се проверат податоците.

Имено, на владиниот сајт koronavirus.gov.mk може лесно да се забележи дека во овој момент, во целиот регион на Струга има само 5 активни случаи на пациенти кај кои сѐ уште е присутен вирусот. Од друга страна, литијата се одржа на 7 мај, значи пред 14 дена, а до сега, инкубацијата веќе би требало да е помината, па доколку се правеа тестови, до сега веројатно ќе имаше повеќе од 5 случаи.

Конкретно, во текот на денешниот ден, ниту еден од 4-те нови случаи не е од градот Струга.