Мирка Велиновска: Мицкоски, искористи го моментот! Вашингтон се тресе во гаќи при чистењето на корупцијата на Џо Бајден

33632

Мирка Велиновска во својата колумна на интернет порталот „Дудинка“ со критика и совети до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски,

„Зборот ми беше за Мицкоски и компанија и нивните коалициони пајтон содружници. Како не им текнува да го искористат моментот кога Вашингтон се тресе од гаќи при чистењето на корупцијата длабоко навлезена во институциите и гласно да го раскажат американското подземно дејство на Барак Обама, Хилари Клинтон и штрапаниот напуван Џо Бајден во разнебитувањето на Македонија?“ прашува Мирка Велиновска

Денес во Вашингтон гласно се зборува за корумпираноста на поранешниот заменик Претседател на САД, а сега кандидат за Претседател, Џо Бајден и неговиот син Хантер, кој како надворешен советник бил на платен список на украинска компанија за гас, со по 50.000 евра месечно, иако неговиот син немал никакво работно искуство и знаење за услугите за кои бил платен, па се поставува прашањето, со што украинската комапнија била уценета и задолжена да плати толку голем износ на синот на Џо Бајден? Дали е тоа завиена форма на корупција на Џо Бајден како тогашен вице Претседател?

Поради опасност од обеледенување на вистината за коруптивните скандали на Џо Бајден, овие недели тој врши силен притисок и цензура врз медиумите, барајки од нив да престанат со објавување на видеото во кои се прикажани обвинувањата од Доналд Трамп за корумптивниот скандал со Џо Бајден и неговиот син.

Џо Бајден вршел притисок врз сите влијателни медиуми во САД да престанат со објавување на видео материјали против него, каде се прикажува пропагандниот материјал во кое Бајден врши притисок на Украина да го отпуштат нивниот обвинител поради започнување на истрага врз компанијата каде што на платен список е неговиот син.