Мистериозна смрт на 80 делфини во водите на Бразил

84

Бразилски еколози се обидуваат да ги откријат причините за смртта на 80 сиви делфини изминатиов месец во заливот Сепатиба, што се наоѓа на околу 70 километри од Рио де Женеиро.

Во соопштение на Институтот „Сив делфин” се наведува дека делфините угинале во последниве 17 дена.

Институтот од водите на Заливот извади остатоци на пет угинати делфини, но засега причината за нивната смрт, е непозната.

Резултатите од лабораториските анализи се очекувааат до крајот на овој месец.