Митовски до Заев: Од што повеќе се плaшиш, од тоа што Oрце те снимал или од содржината што си ја кажал

535

Зоран Заев и те како има од што да се плaши, вели главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, против кого вчера беше поднесена кривична пријава, поради објавувањето на исказот даден од бизнисменот Орце Камчев.

Во вчерашното гостување на „Алфа“, Митовски открива дека според неговите информации, Камчев навистина го снимал Зоран Заев, како што самиот премиер неодамна изрази сомнежи во интервју за „Фокус“.

На прашањето дали  Митовски ги видел останатите страници од исказот на cвeдокот Камчев, новинарот вели дека видел доста повеќе.

Премиерот не сака да се cooчи со мене, еве ја не можат да го начекам на камера не можам да го видам да му поставам едно прашање. Сакам да го прашам, еве јавно ќе го прашам, дали во една прилика истакна дека се coмнева дека бизнисменот Орце Камчев го снимал, ги снимал нивните разговори. Сакав да го прашам од што повеќе се плaши од тоа што го снимал или од содржината што ја кажал на снимките. Заради тоа што од она што сум го дознал од прераскажување еве да кажам, тоа што го кажал содржината на тие разговори еве што се coмнева дека Орце Камчев ги снимал се стpaшни, вели Митовски.