Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени парламентарни избори и ќе биде убедлив победник

18128

Јас сум свесен дека сте навикнати на кампањски средби со граѓаните, но ние се трудиме како народна партија да бидеме целото наше време со граѓаните и да ги слушнеме нивните проблеми, нивните маки и тие проблеми и маки да ги преточиме во решенија и одговори во нашите политики. Дел од таквите редовни теренски активности на ВМРО-ДПМНЕ се и овие кои што ги опфаќа и обновата на Македонија, ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за емисијата 360 степени.

Тој додава дека освен оваа теренска активност следуваат и многу други.

-Се надевам дека и што поскоро ќе имаме и кампања за предвремени парламентарни избори каде што исто така ќе можеме да разговараме и за политиките копи што се резултат на сите оние теренски активности и средби со граѓаните, додава Мицкоски.

Тој исто така истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ  е подготвено веднаш да оди на предвремени парламентарни избори.

-Очигледно е дека тој кој што вели дека блеска практично моли бога да нема избори за да може уште некој месец да ја продолжи својата политичка кариера и за да може арамилукот да потрае уште некој месец и тој во овој момент бега од избори за да не биде поразен како што навистина ќе биде од страна на граѓаните. Не само што мислам јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде убедлив победник на парламентарните избори, вели Мицкоски.