Мицкоски – единствен кандидат за наследник на Груевски

205
Gruvski_Mickovski

Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е единствен кандидат за наследник на Никола Груевски кој поднесе неотповиклива оставка од лидерското место во партијата.

За нов лидер на партијата биле поднесени две кандидатури, но прифатена е само кандидатурата на Мицкоски, бидејќи другата не била валидна.

Втората кандидатура не била прифатена, бидејќи, како што наведуваат од партијата, била поднесена без потписи. Името на вториот кандидат не се соопштува.

Конгресот за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да се одржи денеска и утре во Валандово.

Претходно, Мицкоски на својот „Фејсбук“ профил ја објави својата кандидатура за претседател на партијата.

– Ова за мене лично е една од најсериозните одлуки во животот, целосно разбирајќи ја тежината, честа, но и одговорноста да се води партијата која е вградена во кодот на македонецот и македонската држава и која ќе остане еден од главните темели на нашата татковина, објави Мицкоски на „Фејсбук“.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа Централен комитет, но засега нема информации што е одлучено.

Изборниот конгрес треба да се одржи денеска и утре во Валандово. Завчера на седницата на Извршниот комитет не беше прифатена иницијативата на Илија Димовски, Антонио Милошоски и други 50-тина партиски функционери и пратеници Конгресот да биде одложен за февруари и за колективно претседателство.

Во меѓувреме, Никола Попоски, кој се споменуваше како кандидат за лидер на партијата, поднел оставка на функцијата член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оставката од ИК ја поднесов поради разлики во видувањата за изборните резултати, разлики околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана, напиша Попоски на „Фејсбук“.

ПОПОСКИ: Повеќе не сум член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ