МКФ организира уште еден турнир за млади кошаркарки

70

Македонската кошаркарска федерација повторно ќе организира турнир за девојчиња до 14 години.

– Во отсуство на лига-натпреварување, МКФ сака да ги инволвира најмладите во кошаркарскиот спорт. По успешно организираниот предновогодишен турнир малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ повторно ќе биде дом на шест екипи кои ќе се надигруваат в недела, информираа од МКФ.

Шест екипи ќе бидат поделени во А-група (Бадел 1862, Пелистер и Трокал) и Б-група (Струга 2009, Крива Паланка и Гостивар 2009).

Натпреварите во групите ќе се играат по систем – секој со секого, а потоа според освоените бодови се дуелите за пласман.