Младата сноубордистка Клои убедливо најдобра во халфпајп (ВИДЕО)

155

Американска сноубордистка Ким Клои на убедлив начин го освои златниот медал во дисциплината халфпајп со резултат 98.25 во финалето.

– Знаев дека нема да бидам задоволна да си одам дома без злато. Дадов се од себе да го завршам настапот со резултат кој ме искачи на тронот. Иако имав голем психолошки притисок успеав и ми се оствари сонот, изјави 17-годишната Клои.

Второто место и припадна на Кинезинката Џиау Лиу со освоени 89.75, додека трето пласирана со освоен бронзен медал е за уште една натпреварувачка на САД – Ариел Голд со 85.75 бода.