Млада скопјанка пронајдена мртва во тоалет во „Сити мол“

316
policija

Безживотното тело на 30- годишна жена од Скопје, со иницијали А.М, било пронајдено, вчеравечер, во тоалетот на Градскиот трговски центар во Скопје. 

Починатата била пронајдена негаде околу 19 и 30 часот.

-Случајот во Единицата за информации и команда Скопје го пријавила Д.С. која информирала дека жената ја пронашло обезбедувањето на трговскиот центар, велат од МВР.

Смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.

Причините за смртта сè уште се непознати.