ЗАВОДЛИВАТА ВИКИ БЕКАМ: Секси пози само за насловна на „Вог“ (ФОТО)

222

Една од модните икони на денешницата, некогашната пејачка, а сега дизјанерка, Викторија Бекам се најде на насловната страница на феврураското издание на престижното модно списание шпански „Вог“.

Одбележувајќи јубилејни 10. години од постоењето на нејзиниот бренд таа одлучи дел од колекцијата да ја претстави преку едиторијал во кој позира самата таа. Неодмна 43-годишната дизајнерка, беше мета на критики поради ангажирањето на преслаб модел.

Сопругата на Бекам пзоираше пред објективот на Бо Џорџ. Таа во модниот свет важи за жена која наметнува стил на прочистена елеганција и инспирација на многу жени од различни генерации.

 

На една од фотографиите, успешната Британка носи заводлив, црвен фустан на преклоп, со два шлица, кој чини 2.250 фунти, но најмногу внимание привлече со чевлите од нејзината колекција со циркони, во стилот на славната Пепелашка, кои често ги носи и во приватно време.