Морбилите нема да го одложат второто полугодие: Најмногу заболени од грип во Куманово, а најмалку во Дебар

86

Стартот на второто полугодие нема да се одложи, учениците се враќаат во училишните клупи од понеделник, одлучи денеска Комисијата за заразни болести.
Нема да се одложи почетокот на второто полугодие. Ваква одлука донела Комисијата при Министерството за здравство. Ова се случува иако многу епидемиолози, неофицијално прогнозираа дека епидемијата на морбили ќе се прошири токму откако децата ќе почнат да одат на училиште.

Во текот на изминатата недела (07.01-13.01.2019), во Република Македонија пријавен е 281 заболен од грип/ заболувања слични на грип, што е зголемување за 43,4% во споредба со минатата недела.
), а во однос на бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои намалување од 80,4% .

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=35,07/100.000). Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сè уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Како и во текот на сите претходни недели од почетокот на сезоната, така и во 2-ра недела, најголем број заболени (n=198; 70,5%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 26,7/100.000 жители е регистрирана кај лицата од возрасната група од 0-4 години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 20 извештајни единици, а во 12 извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Куманово (n=39), а највисока инциденца (I=104,5/100.000) е регистрирана во ПЕ Дебар .

Светската здравствена организација (СЗО) го забележува колебањето од вакцинација – одложување или отфрлување на вакцините и покрај тоа што тие се достапни – како една од топ 10 здравствени закани со кои се соочува светот во 2019 годинa.