Мурињо кажа кој е најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата

146
murinjo_trener

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го нарече Франк де Бур најлош тренер во историјата на Премиер лигата.

Причината за оваа остра реакција на португаскиот стручњак се критиките упатени кон него поради односот кон фудбалерот Маркус Рашфорд.

Тој оваа сезона не е меѓу стандардите играчи на Јунајтед, но минатата сабота се врати во првиот тим и ги постигна двата гола за победата против Ливерпул од 2:1.

Де Бур по натпреварот го критикуваше Мурињо зошто почесто не го остава во игра Рашфорд.

– Штета што му е тренер Мурињо. Рашфорд е англиски фудбалер и потребно му е време, прави грешки, но Мурињо не го сака тоа, сака резултати. Доколку тој има еден или два лоши натпревара, Мурињо ќе го извади од составот. Рашфорд е многу млад и му требаат натпревари, треба да игра секоја недела, изјави Де Бур.

На ова жестоко одговори Мирињо потсмевајќи му се холандскиот стручњак, кој беше тренер на Кристал Палас во почетокот од оваа сезона, но доби отказ откако ги загуби првите четири натпревари, а неговиот тим не даде ниту еден гол.

– Прочитав нешто, некои изјави од најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата, Франк де Бур, кој вели дека за Рашфорд не е добро да има тренер како мене бидејќи најважната работа за мене било да победувам. Доколку Франк го тренираше Рашфорд ќе научеше да биде поразуван, бидејќи тој го  губи секој натпревар, нагласи Мурињо.

Рашфорд би можел да се најде во првиот тим на Јунајтед на реванш натпреварот против Севилја во осминафиналето од Лигата на шампионите.