Муса најдобар млад играч оваа сезона во АБА лигата

141

АБА лигата објави на својата официјална веб-страница дека Џанан Муса од Цедевита е избран за најдобар млад играч оваа сезона.

Муса е убедливо прв во гласањето на тренерите , навивачите и посебната комисија на АБА лигата.

Босанскиот кошаркар освои 64 отсто од гласовите и е далеку пред конкурентите Гога Битадзе од Мега Бемакс со 16 отсто и Алкес Раданов од ФМП со 6 отсто.

Муса постигна 13,6 поени, 3,4 скока, 1,6 асистенции и 1,2 украдени топки просечно по натпревар оваа сезона во АБА лигата.