МУ ЈА ОСТАВИЛЕ САМО ГЛАВАТА: Лавови распарчиле ловокрадец

261

Лавови изеле ловокрадец во близина на националниот парк Кругер во Јужноафриканската Република, соопшти полицијата.

– Веројатно жртвата ловела во паркот кога бил нападнат и убиен. Му го изеле речиси цело тело и му останала само главата, потврди полицискиот портпарол.

Засега жртвата не е идентификувана, а близу неговата глава била најдена пушка и муниција.