МФ предлага нови измени и дополнувања во Законот за данокот на додадената вредност

242

Поради прецизирање и појаснување одредени одредби, Министерството за финансии предлага измени и дополнувања во Законот за данокот на додадената вредност, е објавено на ЕНЕР. Во образложението пишува дека се врши усогласување на одредбите со царинските прописи и со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Целта на предлогот е да се допрецизира и дополни даночното ослободување во делот на образованието и да се надополни и со научната дејност. Дополнително, се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ од пет на две години.

Се врши и усогласување со царинските прописи во делот на утврдувањето на даночната основа при увоз на добра, како и усогласување на враќањето на ДДВ во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Според постојното законско решение, даночните обврзници што во претходната календарска година оствариле вкупен промет повисок од еден милион денари се обврзани за ДДВ-регистрација.