НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ: Врнежите ќе преминуваат во снег

215
Sneg

Времето денеска ќе биде облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови.

Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег на повисоките места, а во текот на ноќта провејување снег е можно и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток во земјава.
На планините висината на снежната покрива ќе се зголеми, а на повисоките места во западните делови ќе се формира помала снежна покривка.

Дневната температура ќе се движи од 5 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со дневан температура до 5 степени.

Утре наутро сè уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.