НАГРАДИ ЗА „АЛФА РОМЕО“: „Нов автомобил на годината 2018“ и „Best Car 2018“

83

Италијанскиот производител на автомобили „Алфа Ромео“ со моделите Stelvio и Giulia ги освои најпрестижните награди во автомобилската индустријата.

Возилата на „Алфа Ромео“ се наменети за клиентите кои го надминуваат концептот на „корисно средство за превоз“ за да навлезат во светот на вистинската „возбуда“.

Оставајќи ги конкурентите далеку зад себе, моделот Stelvio ја освои една од најпрестижните награди „Нов автомобил на годината 2018“. Наградата свечено беше доделена во Милано, пред видни претставници од автомобилската индустрија и новинари.

Овој автомобил освои 34,2 отсто од вкупниот број на гласови од читателите на магазинот „Кватрорут“ и ги надмина силните конкуренти од дури 12 модели од различни сегменти и брендови.

Наградата „Нов автомобил на годината 2018“ ја потврдува големата привлечност на Stelviо за пошироката публика, пред се поради неговиот елегантен, спортски стил и врвните перформанси.

Од друга страна, моделот Giulia и оваа година повторно е прогласен за „Best Car 2018“ според списанието „Auto Motor und Sport”. Втора година по ред, мислењето на читателите на специјализираното списание се изјаснија дека новата Alfa Romeo Giulia е најдобриот автомобил од увоз во средна класа.

Ова се само дел од престижните награди на врвните модели на „Алфа Ромео“, а тоа го потврдуваат и петте ѕвездички на EuroNCAP. Во иднина компанијата се стреми кон остварување на извонреден резултат и уште поголем број на признанија и награди во нивниот сегмент.