Над 100 претставки за разрешување судии, меѓу нив и за претседателот на Врховен, Вангеловски

87
cekan_sud

За 110 претставки за разрешување судии треба да расправаат членовите на Судскиот совет на наредните седници, од која првата е закажана за четврток. Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување на факти, но има и други подносители.

Три претставки од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку од адвокати и други странки во постапките, како што објавува порталот сакамдакажам.мк, има за судијката Моника Бахчовановска, а пред Судскиот совет се наоѓаат и иницијативите за разрешување на кривичната петорка од Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски, натаму на Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.

Во најавата за седницата в четврток објавена на веб страницата на Судскиот совет како шеста точка е ставена расправа по барање за поведување постапка за утвдување одговорност за судија, но повеќе детали не се соопштени.