НАПАД ВО ТЕКСАС: Напаѓачот бил насилен кон семејството и пропагирал атеизам (ФОТО)

154
Napad _Teksas

Поранешен војник за кого пријателите велат дека бил насилен кон своето семејство и бил „нападен атеист“. Ова е описот на 26-годишниот Девин Патрик Кели, напаѓачот, кој вчера уби 27 лица за време на богослужба во градчето Садерленд Спрингс во американската сојузна држава Тексас.

Napad _Teksas

Според весникот „Дејли Мејл“, Кели промовирал атеистички ставови преку своите социјални мрежи.

– Познаниците го опишуваат како чудак, луд и морничав, пишува весникот.

Кели бил избркан од американското Воено воздухопловство во 2014 година, откако двапати ги нападнал сопругата и детето.

– Го избришав од „Фејсбук“ затоа што не можев да му ги поднесам коментарите. Пишуваше дека луѓето кои веруваат во Господ се глупави и се обидуваше да промовира атеизам, изјави Нина Роза Нава, која одела во училиште со Кели.

На социјалните мрежи, Кели постирал и фотографии од оружје.

Napad _Teksas

Тој ги нападна верниците во Првата баптистичка црква во Садерленд Спрингс, во близина на Сан Антонио, со пушка Ругер, а дошол опремен и со панцир, очекувајќи дека ќе се соочи со вооружени граѓани или со полицијата.

Вооружени граѓани се обиделе да го застрелаат Кели, кој се дал во бегство, но на крајот бил застрелан.

Сè уште не е потврдено дали е убиен од полицијата или од некој од граѓаните.

Napad _Teksas

Жртвите се на возраст од пет до 72 години и безмалку нема семејство во малото место со 400 жители кое не е погодено од нападот.

Napad _Teksas

Се смета дека масакрот во Садерленд Спрингс е најтешкото злосторство извршено во верски објект во САД, надминувајќи го убиството на девет верници во црква во Чарлстон во 2015 година од страна на расистот Дилан Руф.

(Ripostmk.com/Dailymail.co.uk)