НАСА ја лансираше соларната сонда „Паркер“ (ВИДЕО)

171

По неколку одлагања, американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) вчера од центарот Кејп Канаверал ја лансираше соларната сонда „Паркер“. 

„Паркер“ треба да се доближи на најмало растојание до Сонцето досега, прелетувајќи низ надворешната сончева атмосфера, која беше видлива за време на целосното затемнување на Сонцето во август минатата година.

Предвидено е сондата да се доближи на шест милиони километри до сончевата површина, со што ќе им овозможи на научниците да соберат нови податоци за Сонцето.

По лансирањето на сондата научничката од институтот „Џонс Хопкинс“, Никола Фокс на Твитер објави: „Летај девојо, летај“, порачувајќи дека таа „оди да го допре Сонцето“.

По неколку одлагања поради проблеми со ракетата, НАСА првично го закажа лансирањето на „Паркер“ за во саботата, но тоа беше откажано на 55 секунди пред планираното полетување поради технички причини.

Мисијата на сондата „Паркер“ ќе чини 1,5 милиони долари.