НАСА ќе добие 50 милиони долари за истражувања на Марс

176

Американската вселенска агенција ќе добие 50 милиони долари од буџетот на САД за развој на планот за испраќање специјално возило „ровер“ на Марс, меѓу другото, и за земање примероци од почвата, што потоа би се испитувале на Земјата.

Споменатата сума е предвидена во федералниот буџет на САД за финансиската 2019 година, што го објави Белата куќа.

Американската администрација ги поддржува плановите за претстојната мисија кон „Црвената Планета“ предвидена за 2020 година, која е високо приоритетна научна цел на НАСА.