„НАСЛИКАНИ ДАМИ“ ВЕЧЕРВА ВО „ЛОФТ“: Уметнички костими за капење од Моника Блажевска

101

Младата уметница и дизајнерка Моника Блажевска, која работи под етикетата БМ дизајн, вечерва (13 мај) ќе ја има својата втора самостојна изложба и модна ревија, соединети заедно под еден наслов „Насликани дами“.

Уметничко-модниот перформанс ќе се одржи со почеток во 20 часот во скопскиот локал „Лофт“.

„Сите кои ја сакаат уметноста, модата и воопшто дизајнот се поканети“, вели Блажевска.

Посетителите ќе имаат можност да видат уметнички дела кои ќе бидат сценски поставени од каде пак ќе излегуваат модели со цртани креации.

„Изработивме над 10 слики на платно и 30 креации од кои 10 се уникатни цртани костими за капење во соработка со брендот “Sara Fashion”, објаснува дизајнерката.

Покрај тоа учество на овој настан земаа:
– Sara Fashion
– Models In
– Oriflame
– Prima Optika
– Pinarello
– Kalaplakat
– Stobi Winery
– Biondina
– Olivia
– Make up artist – Nebojsa Pesevski
– Photography – Zoran Popovski Averel